logo
logo
logo

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО АРАЧИНОВО: Малолетник тешко повреден по судир на „голф“ и мопед

Vecer | 29.09.2026

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО АРАЧИНОВО: Малолетник тешко повреден по судир на „голф“ и мопед

17-годишник од Арачиново се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „1“ во селото.

Според МВР, несреќата била пријавена на 28 септември во 21:40 часот во СВР Скопје. Во неа учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Арачиново, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, исто така од Арачиново.

Во судирот тешки телесни повреди добил 17-годишниот мопедист. Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk