logo
logo
logo

ТАКСИСТ „ОДРАЛ“ гости од Австралија: За возење од „Ист гејт“ до Железничка платиле 1700 ДЕНАРИ

Vecer | 07.10.2024

ТАКСИСТ „ОДРАЛ“ гости од Австралија: За возење од „Ист гејт“ до Железничка платиле 1700 ДЕНАРИ

Во саботата навечер во 21 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19:40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“ и за тоа на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар.

Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk