logo
logo
logo

Oбновено културното наследство во Гевгелија

ФОТОГАЛЕРИЈА | СТАРАТА ЧАРШИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА БЛЕСНА ВО НОВО РУВО: Реконструирани 27 објекти

Vecer | 05.09.2026

ФОТОГАЛЕРИЈА | СТАРАТА ЧАРШИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА БЛЕСНА ВО НОВО РУВО: Реконструирани 27 објекти

Старата чаршија во Гевгелија доби нов изглед, откако денеска беше пуштена во употреба реконструираната чаршија со обновени 27 објекти. За реконструкцијата, Министерството за транспорт издало 27 одобренија, како дел од активностите за заштита и обновување на културното наследство. На пуштањето во употреба присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов.

„Драго ми е што Министерството за транспорт можеше да помогне во реализацијата на обновувањето на Старата чаршија во Гевгелија. Издадени се вкупно 27 одобренија за реконструкција на 27 објекти коишто навистина прекрасно изгледаат“, рече Николоски.

Тој се заблагодари на Управата за заштита на културното наследство, Министерството за култура, Министерството за транспорт и Општина Гевгелија за заедничката работа на проектот. Посочи дека, покрај одобренијата за реконструкција на објектите, биле издадени и соодветни дозволи и решенија за партерно уредување, реконструкција на пристапните улици и на главната улица во чаршијата.

Николоски информираше и дека во Гевгелија преку државниот буџет дополнително се инвестираат околу 165 милиони денари во различни инфраструктурни проекти.

„Дел се завршени, дел се во тек. Тука се трите големи проекти кои веќе се завршени и кои ги реализиравме преку Министерството за транспорт во соработка со Општина Гевгелија во селата Моин, Прдејци и Богородица“, изјави тој.

Меѓу проектите што се реализираат ги посочи и завршувањето на западниот булевар „Св. Климент Охридски“, реконструкцијата на улиците „Железничка“, „Маршал Тито“, „Гевгелиски партизански одреди“ до железничката станица, како и улицата „Новопланирана“.

Николоски најави дека поддршката за Општина Гевгелија ќе продолжи и во наредниот период, со реализација на нови проекти во соработка со локалната самоуправа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk