„СМАРТ МАКЕДОНИЈА 2030“: Николоски откри ГОЛЕМИ планови

Vecer | 24.11.2026

„СМАРТ МАКЕДОНИЈА 2030“: Николоски откри ГОЛЕМИ планови
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Одлучивме Македонија да ја развиваме, да ја движиме напред и мора да ги прифатиме предизвиците на новото време, а тоа се дигитализацијата и вештачката интелигенција, порача заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на конференција на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) за дигитална трансформација, која денеска се одржува во Скопје.

Николоски истакна дека дигиталната ера и забрзаниот технолошки развој веќе суштински го менуваат начинот на функционирање на бизнисот, општеството и институциите, посочувајќи ги конкретните проекти на кои се работи, меѓу кои изградбата на национален податочен центар, воспоставувањето национален едношалтерски систем, воведувањето дигитална наплата на патарините и интелигентни транспортни системи за модернизација и поголема безбедност на сообраќајот.

-Овие промени отвораат огромни можности во секое поле на дејствување, покрај во економијата, во здравството, во транспортните системи и речиси во секој сегмент на општеството, истакна Николоски.

Тој посочи дека Владата веќе работи на реализација на стратегијата „Смарт Македонија 2030“, а еден од клучните проекти на кои се работи е изградбата на првиот државен национален податочен центар.

-Со Министерството за дигитална трансформација веќе работиме на развој на првиот државен национален податочен центар. Интензивно работиме на таа тема. Истиот треба да почне со градба веќе следната година. Во моментов се работат сите процедури коишто се поврзани со урбанизација и со сета потребна документација со цел да може да почне изградбата. Идејата е овој податочен центар да ѝ служи на државата и државните институции, на едно место да се соберат сите државни институции. Сега имаме еден систем којшто е раштркан, неорганизиран, секоја институција води сметка сама за себе, најави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk