Се планира и издвојување на Итната помош во посебна служба, формирање национален диспечерски центар и воведување стандарди за тријажа, односно за процена на итноста на состојбата на пациентите.
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска соопшти дека анализите покажуваат оти до 2030 година околу 300 вработени во Итната медицинска помош низ државата ќе заминат во пензија.
Воведувањето парамедици е една од мерките со кои Министерството планира да го надомести недостигот од кадар.

Парамедиците се специјално обучени здравствени работници кои укажуваат итна медицинска помош на терен. Во земји како Велика Британија, САД и во Австралија, тие можат да реанимираат пациенти, да користат дефибрилатори, да даваат одредени лекови и да ги стабилизираат пациентите пред транспортот до болница, во рамките на нивните законски овластувања.
Парамедик персоналот се лица со напредна обука (често по основна обука за EMT) кое обезбедува Напредна животна поддршка (ALS). Може да чита ЕКГ-а, да администрира широк спектар на лекови, да поставува интравенски (IV) линии и да извршува напредни процедури за дишни патишта како што е интубација.
Парамедичарите се високо обучени здравствени професионалци кои обезбедуваат напредна итна медицинска помош на лица во критични состојби. Ово специјализиран болничар вклучува успешно завршена интензивна обука, комбинирање на настава во училница со клиничко искуство и кулминира со сертификација по положување на национален испит.
Овие способности им овозможуваат на парамедик болничарите да ги стабилизираат пациентите во критични состојби, обезбедувајќи грижа што спасува живот за време на транспортот до медицинските установи.

Одговарајќи на новинарско прашање за кадровската екипираност на Итната медицинска помош во Скопје, каде што во една смена има 5 тима, Клековски посочи дека се неопходни системски промени.
– Итната медицинска помош бара посистемска промена. Ние имаме комплетна анализа за предизвиците што ни претстојат таму, покрај одвојувањето во посебна служба, градењето на национален диспечерски центар со соодветни стандарди за тријажа, кој пациент е итен, кој не е итен, и изедначено постапување на сите тимови – рече Клековски.
На прашањето дали има недостиг од лекови на Клиниката за онкологија, Клековски нагласи дека одговорноста за обезбедувањето лекови и терапија е кај директорот на установата и дека прашањата треба да му бидат упатени нему.
Во однос на децентрализацијата на терапијата, министерот ја посочи Клиниката за неврологија како позитивен пример.
– Се обидов изминатите две години преку поставување позитивни примери, како што е на Клиниката за неврологија со терапијата за мултипла склероза, на сите да им покажеме дека тоа е возможно, дека не е тоа ракетна наука – рече министерот.
Клековски оцени дека и покрај успешните примери, постои отпор кон децентрализацијата и дека здравствениот систем останува заглавен во статус-кво состојба.
Министерот очекува поголема иницијатива од директорите на клиничките болници во градовите каде што веќе има онколози.
– Со докажување дека е возможно, значи веќе имаме успешни примери на децентрализација. Се надевам дека директорите на соодветните јавни здравствени установи, тука пред сè мислам на клиничките болници Тетово, Битола, Штип, каде што има онколози, ќе го осмислат тоа да биде направено во најбрзо време – истакна Клековски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата