logo
logo
logo

Се уште НЕ Е ГОТОВ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД ЗА ВАЊА

Vecer | 10.12.2023

Се уште НЕ Е ГОТОВ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД ЗА ВАЊА

Обдукцискиот наод за 14-годишната Вања Ѓорчевска се уште не е финализиран и доставен до обвинителството, потврдија од Обвинителството.

Тие додаваат дека има постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина.

Детали за анализите и истрагите што се спроведуваат не се откриваат во интерес на истрагата која е во тек.

„Во моментов се води истрага за дејствијата на сите инволвирани страни, при што секојдневно се собираат и споредуваат вербални и материјални докази. Јавното обвинителство апелира јавноста да не шири непроверени информации во текот на истрагата, бидејќи тоа може да и наштети на постапката и непотребно да ја вознемирува јавноста “, соопштија од Обвинителството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk