logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ

СДСМ со заштитници на криминалот ќе бара гласови на локалните избори

Vecer | 16.08.2021

СДСМ со заштитници на криминалот ќе бара гласови на локалните избори

СДСМ со стари истрошени кадри заштитници на криминалот ќе бара гласови на локалните избори во октомври.

Новина не може да биде Петре Шилегов. Тој вети и не направи тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар и нова инфарструктура. Шилегов ја продаде градската куќа и никој не знае за што ги потроши 12.5 милиони евра од продажбата на истата, ниту пак некој знае зошто Скопје плати противпожарна скала поскапа за 1 милион евра во однос на иста таква во Загреб?!

Нов кадар не може да биде Константин Георгиевски. Тој нема храброст да и се спротистави на урбаната мафија, а го загрози и статусот на Охрид во УНЕСКО. Во Охрид 4 години нема ниту еден нов проект, а градот не се развива правилно.

Сашко Николов не е ново лице за Штип. Николов е арогантното лице на СДСМ. Тој нема направено ништо за градот, а неговите роднини од Баргала оставија стотици луѓе без леб.

Филип Темелковски, Велимир Смилевски, Александар Наумовски, Борче Георгиевски се несреќа за своите општини. 4 години основни проблеми не можат да решат.

Шанса за втор мандат Заев дава и на заштитниците на криминалот и поткупувачи на гласови градоначалниците на Валандово и Дојран. А кандидатура има и за градоначалникот на Босилово коој легализираше објект за марихуана на бизнис партнери на Заеви.

Со своите кандидати СДСМ покажува дека нема што ново да понуди. Наредните 4 години, со СДСМ би биле исто како и изминатите 4. Криминал, сиромаштија и стагнација.

Време е да ставиме крај на сивилото. Време е за Македонија за сите луѓе., се вели во Соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk