logo
logo
logo

Ратата за новите автобуси на ЈСП ЌЕ ЈА ПЛАТИ ВЛАДАТА, од градот Скопје ГИ ПОТРОШИЛЕ ПАРИТЕ ЗА ДРУГО

Vecer | 11.08.2024

Ратата за новите автобуси на ЈСП ЌЕ ЈА ПЛАТИ ВЛАДАТА, од градот Скопје ГИ ПОТРОШИЛЕ ПАРИТЕ ЗА ДРУГО

Ниту ЈСП Скопје, Ниту Град Скопје ќе ја платат годишната рата за новите нископодни автобуси на гас што ги набави претходниот скопски градоначалник Петре Шилегов, туку тоа ќе го направи Министерството за финансии со ребалансот на буџетот.

Од јавното претпријатие и Градот рекле дека немаат доволно средства за исплата, па тоа сега треба да го направи Министерството за финансии како краен гарант кон обврските кон Европската банка за обнова и развој, од каде е подигнат кредитот.

Станува збор за 33 автобуси набавени во 2022 во време на Шилегов во договор со ЕБОР. Годишната рата е 1 милион евра, а овие пари се обезбедени со ребаланс на буџетот

- Не сме финансиски моќни, тоа е голема сума на пари, која ние не можеме да ја обезбедиме. Има и голем број на ненаплатени побарувања во изминатиот период а драстично се намалени приходите, изјави директорот на ЈСП, Драги Кушовски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk