Продолжува потрагата по третиот исчезнат Македонец кај Халкидики

Vecer | 11.07.2022

Продолжува потрагата по третиот исчезнат Македонец кај Халкидики
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Грчката крајбрежна стража и спасувачки екипи и денеска ја продолжуваат потрагата по 28-годишниот Македонец кој во саботата исчезна заедно со неговите двајца другари во водите на Егејското Море кај Псоиди, на првиот крак Касандра на Халкидики.

Во саботата попладнето тројцата другари го прославувале роденденот на Иван, по што решиле да скокнат во морето да се избањаат. Мештаните велат дека тие го избегнувале тоа место за капење поради лошите морски струи. Но местото не било обележано. По само неколку минути, според изјавите на Брезовски, тројцата веднаш биле однесени од морските струи во длабокото. Васил бил пронајден само неколку часа откако се изгубиле, а Иван поминал 19 часа во вода и според изјавите на спасувачите на површината од морето се одржувал со помош на едно мало топче кое случајно го нашол.

Во потрагата по исчезнатиот учествуваат два патролни брода, седум чамци и еден хеликоптер. Се трага и по брегот со неколку патролни возила и спасувачки екипи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk