Попишувачи нема, а и тие што се пријавени не е задолжително да бидат вакцинирани

Vecer | 20.08.2021

Попишувачи нема, а и тие што се пријавени не е задолжително да бидат вакцинирани
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Дали пописот е доведен во прашање откако Државниот завод за статистика призна дека мака мачи да најде попишувачи на терен. Никој не сака да се пријави и покрај примамливите хонорари кои може да изнесуваат и 40.000 денари.

Голем дел од попишувачите се плашат да се пријават поради високите бројки на заразени, но страв постои и кај граѓаните бидејќи попишувачите не се приморани да бидат вакцинирани.

Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk до 25 август.

Бидејќи тестирањето на досега пријавените кандидати ќе се спроведе на 19 и 20 август, за сите пријавени кандидати во периодот од денес (18.08.2021) до 25 август, ќе биде организирано дополнително тестирање, соопшти Државниот завод за статистика.

Списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени во комисиите на пописните реони. Контактите со овие комисии и дополнителни информации поврзани со тестирањето се достапни на линкот: https://popis2021.stat.gov.mk/PopisniReoni.aspx

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk