logo
logo
logo

ЛОША ВЕСТ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА - Македонија со висок раст на БДП во второто тримесечје

Vecer | 04.09.2026

ЛОША ВЕСТ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА - Македонија со висок раст на БДП во второто тримесечје

Македонската економија забележа исклучително висок раст на бруто-домашниот производ (БДП) од 4,3% во второто тромесечје, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека овие силни бројки се јасен доказ дека земјата конечно тргна напред.

„Во второто тромесечје имаме исклучително висока економска активност и зголемен бруто домашен производ од 4,3%. Тоа е уште една лоша вест за опозицијата, која претпоставувам дека сега повторно жали и тагува што Македонија оди напред, а не е вовлечена во нивното политичко мочуриште на лаги, клевети и измислици“, истакна премиерот.

Мицкоски подвлече дека Владата интензивно работи на надминување на напластените децениски проблеми, а ефектите од досегашните мерки веќе стануваат видливи за граѓаните.

„Македонија ќе продолжи да оди напред. Не можам да кажам дека сите проблеми се решени, бидејќи многу се наследени, но она што е важно е дека работиме и дека се трудиме сето она што е наследено да го решаваме и да не создаваме нови. Резултатите конечно излегуваат на површина“, заклучи премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk