logo
logo
logo

ПОЕВТИНА ХРАНА, ПОБРЗ РАСТ - Мицкоски очекува инфлација од само 1,5 - 2 % во септември

Vecer | 07.10.2026

ПОЕВТИНА ХРАНА, ПОБРЗ РАСТ - Мицкоски очекува инфлација од само 1,5 - 2 % во септември

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годишната инфлација кај храната и безалкохолните пијалоци во септември да се движи меѓу 1,5 и 2%, повикувајќи се на анализите на Државниот пазарен инспекторат. Официјалните податоци за вкупната инфлација треба да ги објави Државниот завод за статистика.

– Очекувам, според нашите анализи што ги прави Државниот пазарен инспекторат, барем кај храната и безалкохолните пијалоци, во септември да се движиме меѓу 1,5 и 2% инфлација на годишно ниво. Утре треба да ја објави Државниот завод за статистика, ќе видиме колку ќе биде вкупната инфлација – рече Мицкоски.

Тој рече и дека владата успеала да обезбеди стабилно снабдување и ниски цени на горивата, што ја држи инфлацијата на ниско ниво во услови на двете војни кои го дестабилизираа пазарот со гориво.

– Нè убедуваат дека е увезена инфлацијата, не можело да не биде увезена инфлацијата- рече Мицкоски.

Тој ги спореди движењата во Македонија со оние во еврозоната.

Домашната годишна инфлација во јули изнесувалше 2,3%, а во август 2,6%. Евростат регистрираше 2,9% инфлација во еврозоната во јули и 3,2% во август, додека прелиминарната проценка за септември е 3,8% – рече тој.

Мицкоски го прокоментира и економскиот раст од доаѓањето на власт на оваа влада во кој просечниот реален раст е повисок од 3,5%, што е далеку повисок од оној на нашите најголеми трговски партнери.

– Да, сме имале 5, 5,5, па дури и 6%, но тогаш растот насекаде беше толкав. Сега зборуваме за раст трипати поголем просечно, споредено со просечниот раст кај нашиот најголем трговски партнер – рече Мицкоски.

Како дополнителен показател за движењето на економијата, тој ги посочи податоците за надворешната трговија во јули и август, наведувајќи раст на извозот од 11,5%, наспроти раст на увозот од 8,5%.

Мицкоски смета дека фактот што извозот расте со повисока стапка од увозот е позитивен сигнал, иако Македонија останува увозно зависна економија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk