На 29 август 2026 година, во 16 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 58-годишниот З.Р. од Кавадарци.
Тој бил приведен по пријава дека дошол во домот на својата 55-годишна сестра, физички ја нападнал и ѝ упатувал закани.
При преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека З.Р. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 0,58 промили алкохол во крвта.
58-годишникот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата