logo
logo
logo

НЕВРЕМЕТО ЈА ЗАМАТИ „ЗЛЕТОВИЦА“ – Свети Николе се бори за секоја капка, Штип се спаси од дефектот

Vecer | 31.08.2026

НЕВРЕМЕТО ЈА ЗАМАТИ „ЗЛЕТОВИЦА“ – Свети Николе се бори за секоја капка, Штип се спаси од дефектот

Апел за рационално користење на водата во Свети Николе упати денеска градоначалникот Дејан Владев.

– Поради екстремно зголемената матност предизвикана од невремето во источна Македонија, моментално не сме во можност да ја преработуваме водата од ХС Злетовица. Мрежата ја дренираме до промена на квалитетот на вода до вода за преработка. Сѐ уште имаме резерви за водоснабдување, но ве замолуваме за рационални користење, со цел прекинот што го очекуваме во водоснабдувањето да трае што е можно помалку часа – соопшти градоначалникот Владев.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, рече дека во текот на денов ќе има нормално водоснабдување во Штип и во приградските населби.

Вчера, поради висока матност на водата, која доаѓа преку цевководот од ХС „Злетовица“, беше исклучена филтер-станицата што ја преработува водата и се дистрибуира низ водоводниот систем.

Директорот на ЈП „Исар“ – Штип, Александар Арсовски, на вчерашната вонредна прес-конференција појасни дека исклучувањето на филтер-станицата е поради невремето во Пробиштипскиот Регион, кое предизвика заматеност на водата од ХС „Злетовица“. Но, по намалувањето на матноста, штипската филтер-станица беше повторно вклучена за да ја преработува водата за пиење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk