logo
logo
logo

НОВ ВАНДАЛИЗАМ ВО СКОПЈЕ: Детското игралиште во Карпош 1 повторно искршено, оштетени реквизити и урбана опрема

Vecer | 27.09.2026

НОВ ВАНДАЛИЗАМ ВО СКОПЈЕ: Детското игралиште во Карпош 1 повторно искршено, оштетени реквизити и урбана опрема

Детското игралиште во Карпош 1 повторно е мета на вандализам, при што се оштетени повеќе детски реквизити и дел од урбаната опрема.

Од Општина Карпош посочуваат дека секоја година се издвојуваат средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, како и за поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема.

Сепак, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради оштетувањата и неодговорното однесување.

Од општината апелираат граѓаните да се однесуваат одговорно и да придонесат кон зачувување на јавните површини, кои претставуваат заедничко добро на сите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk