logo
logo
logo

“Ниту идентитетот е бетон ниту ова што го прави Заев е европско“

Vecer | 20.02.2021

“Ниту идентитетот е бетон ниту ова што го прави Заев е европско“

Мицкоски: Заев ретерираше за личните карти зошто го брише македонскиот идентитет, нели беше тој бетон

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посетата на фабриката МИК Свети Николе зборуваше за тоа кој е неговиот коментар за ретерирањето на Зоран Заев за лични карти зошто го брише идентитетот, а претходно тој ветуваше дека е бетон и посочи дека фактот е дека  Заев ниту го направи идентитетот бетон, ниту пак ова денеска што се случува е на пример европско и е согласно европските норми и стандарди.

Нема работа за која Зоран Заев не ретерираше. Најпрвин велеше прифаќам да стои Македонци, Албанци, Турци, Роми во личните карти за да потоа рече дека тоа било неевропски, па сега ретерира. Најпрвин негираше дека немало состанок со грчкиот амбасадор за да потоа каже дека имало состанок, но фактот е еден, а тоа е дека Зоран Заев ниту го направи идентитетот бетон, ниту пак ова денеска што се случува е на пример европско и е согласно европските норми и стандарди, рече Мицкоски.

Понатаму претседателот Мицкоски потенцираше дека Заев не знае што значи идентитетот бетон, туку тој распродава она кое што генерации го создавале.

Фактот е еден, ние нема во личните карти да имаме Македонци односно тие кои што се самоидентификуваме како Македонци, дел од македонскиот народ. Зошто? Затоа што Зоран Заев тоа го избриша и тоа е факт. Зоран Заев создава нова нација која што треба да биде македонско кроз граѓанин на државата со новата придавка. Што е со оние Македонци кои не се граѓани на оваа држава, а се малцинство во втори, трети земји или пак се македонска дијаспора која што од определени причини не е во состојба да извади македонско државјанство и не е во состојба да биде дел од оваа парада и овој циркус кој што и го приредува веќе четврта година СДСМ и Зоран Заев. Накратко Зоран Заев ниту има идентитет бетон, ниту пак знае што значи идентитет бетон, туку тој продолжува да го распродава она кое што генерации го создавале. Така што не ме чуди што Зоран Заев брутално на отворена сцена секој ден практично ретерира, едно денес кажува, утре напушта и вели не е тоа што го кажал вистина ќе биде ова. Така што оваа политика падни-стани не доведе до оваа ситуација да бидеме на дното во регионот, додаде Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk