logo
logo
logo

„НЕ МОЖЕ ПО БИЛО КОЈА ЦЕНА!“: МИСАЈЛОВСКИ СО ПОРАКА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – „Народот е против предлогот на СДСМ“

Vecer | 01.10.2026

„НЕ МОЖЕ ПО БИЛО КОЈА ЦЕНА!“: МИСАЈЛОВСКИ СО ПОРАКА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – „Народот е против предлогот на СДСМ“

Често пати на состаноците во НАТО кажувам дека ако ние сме таму, во тоа семејство, во таа унија, рамноправни, еднакви, разговараме за воена помош, за трошење средства подеднакво, исти проценти одвојуваме од буџет, зошто не сме еднакви во друго семејство кое е навидум скоро слично, најголем дел од партнерите се внатре, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски во „Само интервју“ на Канал 5.

-Зошто се ние нешто треба да смениме? Јас често пати велам името е променето, променета е химната, променето е знамето, банкнотите се сменети. И ова го кажувам. И во опозиција велевме дали е ова последното нешто? Јас ова го кажувам поинаку бидејќи сум имал можност да работам и во МНР, јас бев дел од таа комисија за добрососедство. Бев дел тогаш кога не сакавме да прифатиме да нема реципроцитет, да немаме сега проблеми како заедничката историја. И секогаш кога тоа не било прифатено, доаѓа Влада на СДСМ, ветува, и дури сега во изјавите гледате дека има изјави кон Бугарија од македонски политичари, од претседателот на СДСМ и други, рече Мисајловски.

Министерот за одбрана посочи дека предлогот кој го прифатиле СДСМ и коалицијата, е предлог кој македонскиот народ не го прифаќа.

-Не може по било која цена да ги прифатиме уставните измени, за утре повторно да имате вие пречка. Ние велиме дали е ова последно нето? Нека се објасни. Добра е иницијативата да седнат ЕУ претставници, па и НАТО претставници. Има иницијатива, ние предлагаме, рече Мисајловски.

Мисајловски обвини дека во Македонија има политичари кои што на дневна основа би направиле секаква отстапка само за да се прифати нешто што Бугарија го бара.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk