Гости од пет европски земји, осум работилници и филмови што отвораат едно големо прашање: Што навистина е невозможно?

Годинава фестивалот повторно го става во фокусот светот на генерацијата Z, но и на најмладата генерација Алфа – генерации кои растат во време на брзи технолошки, општествени и културни промени. Со понуда на филмови и содржини кои на младата публика ќе ѝ пристапат искрено и со длабочина, почитувајќи ја нејзината зрелост и потребата од приказни во кои може да ја препознае сопствената сложена реалност.

На фестивалот преку работилниците за стрип, документарци, краткометражен и проекцијата на најавените филмови, младите од земјава и 30-тина џифонци од Италија, Данска, Романија, Србија и Косово.
Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија, Италијанскиот културен инстиут, Џифони Експириенс, Град Скопје, како и општините Карпош, Центар и Кисела Вода.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата