logo
logo
logo

Македонија на тркала стари речиси 20 години: ТРИПАТИ ПОВЕЌЕ СЕ УВЕЗУВААТ ПОЛОВНИ ОТКОЛКУ НОВИ АВТОМОБИЛИ

Vecer | 01.09.2026

Македонија на тркала стари речиси 20 години: ТРИПАТИ ПОВЕЌЕ СЕ УВЕЗУВААТ ПОЛОВНИ ОТКОЛКУ НОВИ АВТОМОБИЛИ

Македонските патишта и понатаму се полни со возила со висока просечна старост. Автомобилите што се возат во земјава во просек се стари 19 години и 4 месеци, а податоците за увозот во првите седум месеци од годинава покажуваат дека интересот за половни возила е далеку поголем од оној за нови.

Од возилата што пристигнуваат од странство, само едно од четири е ново, додека останатите три се половни, што дополнително придонесува за стареење на возниот парк во земјава. Податоците на Царинската управа го покажуваат трендот на кој македонските граѓани најчесто се одлучуваат при купување автомобил – наместо ново возило, многу почесто се избира половно.

Од јануари до јули 2026 година, во Македонија се увезени вкупно 36.614 нови и половни патнички возила, според податоците од Царинската управа. Од нив, 8.832 биле нови, што претставува околу 24 проценти од вкупниот увоз.

Во првите седум месеци од 2025 година се увезени 7.594 нови возила, што значи дека оваа година бројот е зголемен за 1.238 возила или за 16,3 проценти.

Половните возила продолжуваат да сочинуваат најголем дел од увозот. Во првите седум месеци од оваа година се увезени 27.782 половни возила, во споредба со 26.286 во истиот период лани, што претставува зголемување од 5,7 проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk