Кризниот штаб прифати МАСКИТЕ ДА СЕ УКИНАТ, се чека на владата, ама ќе има исклучоци

Vecer | 12.04.2022

Кризниот штаб прифати МАСКИТЕ ДА СЕ УКИНАТ, се чека на владата, ама ќе има исклучоци
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Кризниот штаб на Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се укине носење маски во затворен простор.

Исклучок ќе биде јавниот и такси превоз, здравствените установи, аптеките и домовите за стари лица.

Одлуката треба да помине и на седница на Влада, односно за укинување на оваа мерка за заштита од ковид-19 ќе се расправа на следната владина седница.

Меѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до Кризниот штаб се и укинувањето на обврската за носење маски на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk