logo
logo
logo

Кој од власта НАЈМНОГУ ТРОШИ ПО КАФАНИ - А НЕ Е ШИЛЕГОВ?

Vecer | 07.05.2021

Кој од власта НАЈМНОГУ ТРОШИ ПО КАФАНИ - А НЕ Е ШИЛЕГОВ?

Кој министер троши најмногу пари за службени трошоци во Владата? И колку. По долги најави и под силен притисок од јавноста, владата ги објави податоците за ланската, 2020-та година.

Целокупно Владата, министерствата и секретаријатите, потрошиле 14,85 милиони денари за службени трошоци, или околу 1,5 милиони денари помалку во однос на 2019-та ште е мало намалување со оглед на тоа што поголемиот дел од 2020-та беше во каратини и ограничувања па оттаму и намалувањето на службените терошоци не е соодветно на условите.

Владата има повеќе потрошени средства за 25.000 денари во година на пандемија, отколку техничката влада во време пред избори, и без карантини и пандемија.

Покрај Владата, во однос на една година претходно повеќе потрошиле функционерите на министерствата за култура, за внатрешни работи и за животна средина. Зголемување на прикажаните трошоци има и министерството за политички систем,  Забележително е тоа што министерот за здравство Венко Филипче не пријавил никакви трошоци лани.

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, кој во 2019 беше вицепремиер за евроинтеграции, втора година по ред е на врвот со најмногу службени трошоци. Ако во 2019 потрошил 1,560 милиони, во 2020 прикажани му се 1,718 милиони денари. На второто место е Оливер Спасовски, кој дел од 2020 беше технички премиер, со 1,57 милиони денари, додека во 2019 имал само нешто повеќе од 21.000 денари. Трет е Никола Димитров, уште еден дипломат по Османи, со 1,23 милиони денари. На Димитров му се намалени трошоците за двестотини илјади денари.

На четвртото место е Зоран Заев, кој дел од 2020 не извршуваше никаква фунцкија во техничката влада, со 524 илјади денари. Неговите трошоци се речиси трикратно намалени за една година. Понатаму следуваат Мила Царовска, министерката за образование со 516.000 денари и Крешник Бектеши, министерот за економија, со 453.000 денари. И кај двајцата има зголемување на службените расходи за 215, односно за 73 илјади денари.

Најмногу трошоци биле платени за угостителските услуги во рамки на институциите, каде се потрошени 4,8 милиони денари, а таму предничат Спасовски, Заев и Царовска со еден милион, односно со 392 илјади денари вториот и 292 илјади денари третата.

За трошоци кај надворешни угостители биле потрошени 2,45 милиони денари, а тука предничат Османи со 558, Димитров со 211, Адем Авзиу, поранешниот државен секретар во министерството за информатичко општество и администрација, со 168 и првиот вицепремиер Артан Груби со 146 илјади денари. Трет најголем издаток се авионските билети од 2,125 милиони денари, каде очекувано предничат Османи, Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

ВАКОВ ЛИ ЗАСЛУЖИ СКОПЈЕ?! Шилегов се расфрла со “фашисти“ и “оперски певачици“

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk