logo
logo
logo

ОВА СЕ СОПРУГИТЕ НА НАРКО ШЕФОВИТЕ ОД РЕГИОНОВ кои избегнале смрт покрај нив

Vecer | 16.08.2026

ОВА СЕ СОПРУГИТЕ НА НАРКО ШЕФОВИТЕ ОД РЕГИОНОВ кои избегнале смрт покрај нив

Сопруги и девојки на членови на локални криминални кланови го преживеале суровото заседи (“саќекуши“) во кое биле убиени нивните партнери. Некои преживеале со сериозни повреди, но по смртта на нивните партнери, тие продолжиле да живеат поинаков живот.

Фаталната Шпањолка, мис на Марбеља, Олак Билбао Гонзалез (28) избегала од смртта дури два пати, отпрвин по чиста среќа на 11 август 2018 година на локација Галенка во Белград кога експлодирала бомба, која била наменета за нејзиното момче Страхиња Стојановиќ. Страхиња ср спасил од смртта бидејќи излегол од возилото неколку секунди пред експлозијата, додека Олак останала да седи на совозачкото седиште. Таа била сериозно повредена во оваа експлозија, а лекарите во VMA во Белград успеале да ѝ ја спасат ногата.

Олак добила изгореници од четврти степен, кои се најтешките можни изгореници и барале итна операција. Олак Гонзалез потоа добила пресадена, а подоцна испратила емотивна СМС порака до докторот од Военомедицинската академија со благодарност кшто ѝ го спасил животот.

По закрепнувањето и неколкуте операции, фаталната мис на Марбеља се вратила во родната Шпанија по 28 дена, на 9 септември 2018 година.

Иако имаше гласини дека со Страхиња Стојановиќ се венчале, бидејќи таа се потпишуваше како Стојановиќ на социјалните мрежи, таа подоцна го негираше ова, наведувајќи дека е слободна.

Во Шпанија, таа објавувала фотографии и видеа со Страхиња Стојановиќ на социјалните мрежи додека боле во врска, но набргу по обидот за атентат и нејзиното враќањево Шпанија негирала каква било поврзаност со него и ги избришала сите заеднички слики од социјалните мрежи.

Според достапните информации, таа моментално живее во Дубаи, каде што работи како успешна бизнисменка, се занимава со претприемништво, моден бренд и недвижности. Таа роди ќерка во 2024 година и вели дека ужива да биде мајка.

Соња Суарез Гомез

Соња Суарез Гомез (50), државјанка на Колумбија, ја преживеала ужасната експлозија на автомобил-бомба во Нов Белград на 13 септември 2020 година, во која беше убиен нејзиниот дечко Страхиња Стојановиќ (30), истиот кој преживеал претходно атентат додека бил заедно со Олак Гонзлаез, мис на Маарбења.

Бомбата била поставена под џипот БМВ на нејзиниот партнер Страхиња Стојановиќ и била активирана од далечина додека тој возел.

Страхиња, дел од црногорскиот „Кавачки клан“ починал поради ужасни повреди, додека Соња Сураез Гоме зпреживеала со полесни телесни повреди.

На погребот на Страхиња, таа била меѓу првите што пристигнале во капелата на гробиштата Нова Бежанија, во придружба на неговите роднини и пријатели. Некое време не можела да влезе во капелата каде што било телото на Страхиња. Соња Гомез врескала и плачела покрај џипот со кој пристигнала, привлекувајќи го вниманието на сите присутни.

Тогаш никој не би ја препознал како убавица од фотографиите објавени на социјалните мрежи. Облечена во црно, спортски облечена, без шминка, никој не би ја препознал ситната колумбијка која скока и вреска покрај џипот со кој ја донеле пријателите на Страхиња.

Откако сведочеше во обвинителството, таа ја напушти Србија. Колумбијката се фалеше и со својата врска со Стојановиќ на социјалните мрежи, тогаш по социјалните мрежи се шпекулираше дека таа ја „поткажала“ локацијата на Стојановиќ, но без докази.

Откако партнерот и беше убиен, Соња Гуарез ја напушти Србија, а на социјалните мрежи често објавува фотографии од неа и Стојановиќ, заедно со трогателни зборови на сеќавање.

Тамара Звицер

Тамара Звицер, сопругата на водачот на зрногоркиот “Кавачки“ нарко клан, Радоје Звицер, му го спаси животот на 20 мај 2020 година во Киев.

Забележувајќи дека е нападнат истрчала со пиштол и пукала во напаѓачите, со што го спасила животот на својот сопруг. Звицер бил ранет додека џогирал во елитен дел од градот во близина на местото каде што живеел.

Тој напад откри голема афера и во Македонија. Имено, тогаш се дозна дека шефот на нарко кланот Радоје Звицер има македонски пасош, издаден од МВР но со фалсификувана постапка во време кога министер за внатрешни работи беше Оливер Спасосвки од СДСМ. Се откри дека македонскто МВР издало близу 200 такви фалсификувани пасоши претежно на нарко дилери и друг вид регионални и македонски криминалци.

На Радоје Звицер на 26 мај 2020 година пукале платени убијци од група ангажирана од конкурентскиот црногорски нарко клан кланот („Шкаљарци“), а осомничени за обидот за негова ликвидација се Нишлиите Милан Бранковиќ и Петар Јовановиќ, како и двајца Црногорци, Стефан Ѓукиќ Мандиќ и Емил Тузовиќ.

Една од многуте камери на маестото на настанот успеала да ја сними Тамара Звицер, сопругата на Радоје Звицер, како излегува од зградата, го полни пиштолот и пука кон напаѓачите.

Пред тоа, таа преживеала уште еден напад во Црна Гора, за кој се сомневало дека е извршен од водачот на конкурентскиот клан „Шкаљарци“, Јован Вукотиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk