Контроверзниот српски бизнисмен Колувија тврди

“Кога ме уапсија одев да земам дипломатски пасош во Македонија“ (ВИДЕО)

Vecer | 07.10.2021

“Кога ме уапсија одев да земам дипломатски пасош во Македонија“ (ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Контроверзниот српски бизнисмен Предраг Колувија, обвинет во Србија за нелегално производство и чување марихуана, во моментот кога го апсела полицијата бил на пат за Македонија да аплицира за почесен конзул на нашата држава во Србија, пишува Призма, повикувајќи се на интервју кое Колувија го даде минатата недела во Србија, откако по две години беше ослободен од домашен притвор.

Во ноември 2019 година, неколку дена по апсењето, полицијата откри нешто повеќе од 60.000 билки на неговиот имот близу Белград, од кои повеќето имале повисока концентрација на активната состојка ТХЦ од дозволеното.

Колувија, всушност, вели дека бил уапсен на автопат, бидејќи српската полиција се плашела дека кога тој веднаш и истиот ден би го добил дипломатскиот статус од Македонија, тоа подсцна би го отежнало неговото апсење и кривично гонење..

Сe до апсењето, Колувија беше еден од сопствениците на две фирми во Македонија за легално производство на канабис за медицински цели. Набргу потоа, македонските власти и ја одзедоа лиценцата на фирмата што веќе произведуваше марихуана близу кавадаречкото село Росоман, со образложение дека не водела евиденција за секое стебло канабис.

БИРН овие наводи ги објави пролетва во истражување, потенцирајќи дека македонските власти никогаш не се заинтересирале за тоа што се случило со марихуаната за која не била водена евиденција.

Дел од партнерите на Колувија во Македонија имаат бизнис-минато со членови на фамилијата на премиерот Зоран Заев.

На прашањето на водителот на интервјуто дали Македонија му нудела да биде почесен конзул, тој неодредено одговори дека „тоа била желба на некои негови пријатели“, кои сметале дека тој е „одличен кандидат за почесен конзул поради неговиот економски и политички ангажман во државава“.

Контроверзен е и тој негов „политички ангажман“, бидејќи, како што самиот вели во интервјуто, сакал „да ги оживее сеќавањата на четниците од Македонија и на тоа дека Македонците се Срби“, пишува БИРН.

[embed]https://youtu.be/9yqxMUmEwHE[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk