logo
logo
logo

Кога имаме МАКЕДОНЦИ ПОГОЛЕМИ ГРЦИ ОД ГРЦИТЕ, И ПОГОЛЕМИ БУГАРИ ОД БУГАРИТЕ

Vecer | 14.05.2024

Кога имаме МАКЕДОНЦИ ПОГОЛЕМИ ГРЦИ ОД ГРЦИТЕ, И ПОГОЛЕМИ БУГАРИ ОД БУГАРИТЕ

Во Македонија секојдневно во јавните настапи, особено од идната социјалдемократска опозиција и ним блиските “невладини организации“ и “активисти од општа намена“, гледаме Македонци кои се поголеми борци за правата на Албанците, Бугарите и Грците отколку за правата на Македонците и еднаквоста на сите граѓани во државата Македонија. Тоа произлегува делумно од нивната желба да бидат во центарот на вниманието или од клиентилизмот да се допаднат на некои странски амбасади и нивните фондови од кои очекуваат материјална награда.

Некои од аналитичарите реагираат на жестоките наративи што се упатуваат од страна на дел од јавноста против гестот на претседателката на државата, кои повеќе се во функција на заштита на позициите на друга држава отколку на сопствената.

– Очигледно домашните душегрижници и чувари на спогодбата од Нивици пропуштија одлична можност сиве овие години да прашаат зошто официјална Атина го прекршува договорот и не имплементира ниту една точка од спогодбата, но затоа ја користат секоја пригода да ја изустат „Северна“ небаре им останало од предците.

Грција е таа што го прекрши договорот по сите можни точки, но Грција и како колевка на демократијата, како што се декларира себеси, не требаше никогаш на една суверена земја да ѝ го одземе демократското право на себеименување и самоидентификација на народот што живее во неа. Пркосот на народот е поради тоа, а не поради инаетење или непријателство кон некого – посочуваат соговорниците.

Поранешниот вицепремиер за европски прашања и амбасадор Ивица Боцевски смета дека во земјава и натаму постојат луѓе што едноставно не разбираат што значи демократија во вистинската смисла на зборот.

– Очигледно постојат ликови во Македонија што не ја совладаа лекцијата што значи демократијата. Ова е најпогрешен начин за СДСМ и за ДУИ повторно да ја освојат довербата на граѓаните. Ретко што било толку срамно во Македонија како воведното обраќање на анонимниот претседател на Собранието, кој постави своевиден светски рекорд во изговарање на „Северна …“. Сепак, „Македонија“ на новоизбраната претседателка беше мелем за душата на граѓаните на Македонија. Да, една битка е изгубена, но неправдата ја помниме и не ја забораваме. „Македонија“ на претседателката тежи многу повеќе отколку сите „Северна …“ на Заев и неговата клика – порачува Боцевски.

.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk