logo
logo
logo

КАМИОНЏИИТЕ НЕ СЕ ТУРИСТИ: Стопанската комора бара посебен шенгенски третман за професионалните возачи

Vecer | 28.09.2026

КАМИОНЏИИТЕ НЕ СЕ ТУРИСТИ: Стопанската комора бара посебен шенгенски третман за професионалните возачи

Посебен статус за професионалните возачи и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите, е предлогот на Стопанската комора за решавање на проблемот со транспортерите.

Како што објасни денеска координаторот за меѓународна соработка во Комората, Даниел Матракоски, ваквиот предлог би бил паралелен механизам на билатералните визи.

Возачите се соочуваат со неодржлива административна пречка. Стоката не се движи сама. Ова не е миграциско прашање, туку е прашање на опстанок на европските синџири на снабдување. Вкупно 77,5% од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Не е логично возачите кои ја сервисираат европската индустрија да се третираат со истите 90-дневни шенгенски ограничувања како туристите. Преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и работните средби со Европската комисија, на средбата на бизнис-платформата на КИФ ќе имаме висок претставник од Европската комисија. Таму бараме посебен статус, што значи изземање за професионалните возачи како мобилни економски работници од витален интерес, што би било паралелно со користењето на билатералните механизми, оние долгорочни визи од типот Д со земјите членки. Ние нудиме паралелен механизам на билатералните визи, рече Матракоски на прес-конференција.

Тој информира дека бариерите за превозниците ќе бидат тема и на претстојниот состанокот на министрите за економија од регионот, што ќе се одржи задутре во Цетиње.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk