logo
logo
logo

Калајџиев: НЕМАМЕ КАПАЦИТЕТ ЗА ПРАВНА ДРЖАВА И НЕЗАВИСНО СУДСТВО

Vecer | 05.02.2021

Калајџиев: НЕМАМЕ КАПАЦИТЕТ ЗА ПРАВНА ДРЖАВА И НЕЗАВИСНО СУДСТВО

Немаме капацитет за правна држава и независно судство, рече професорот Гордан Калајџиев за „Слободна ТВ“ додавајќи дека е разочаран од изневерените очекувања.

Калајџиев потенцира дека корупцијата има различни појавни облици, но јавноста најмногу ја интересира високата корупција врзана со поврзана со полиичката елита па се надоле до администрацијата.

И таа има свој корен во тоа на кон начин функционира системот заробен од политичките партии. Освен реторика и некакви лажни борби од типот на измислени функции како вицепремиер за борба против корупција, нема вистинско поместување, вели Калајџиев.

Тој додава дека партиите кога ќе додјат на власт сметаат дека им е природно да земаат од колачот.

- Се сеќавате дека јавно со години, со насмевка тоа го зборуваше и Љубчо Георгиевски. Мислам дека доаѓаат на власт со желба да делат првилегии и така го делат колачот. Кога имате цела администрација политички поставена луѓето мислат дека со тоа што работеле за партијата, од лепење пплакати па нагоре, дека кога ќе дојдат на власт имаат право на дел од колачот, рече Калајџиев.

Тој истакна дека луѓето беа занесени со шарена револуција дека ќе дојде време на независни судски институции, но тоа не се случи, местата се далат од етнички па партиски.

- Успеваат некако да наметнат моќ. Обичните судии патат од доза на традиционална сервилност што е културен и психолошки феномен. Исто како и обинителството. Јас бев автор на овој закон кој што е сега на сила. Направивме силен концепт Обвинителството да стане ултра моќна институција која ќе има сопствена полиција, сопствени истражители, нагласи професорот.

Калајџиев посочи дека тоа по сила на прилика се оствари кај СЈО, во другиот дел не профункционира што е одговорност на првиот човек на обвинителството.

-  Ние и денес имаме обвинителство слично како и во време на Груевски. Поставување со согласност на владејаката политичка партија. Ова е проблем со кој се соочуваме уште од почетокот. Никогаш не се изгради култура на поделба на власта, институции кои ќе ги водат лица со интегритет, додаде тој.

Според него имаме газење на Уставот со поставување на партиска личност народен правобранител.

- Прво е договорено дали ќе биде „македонско“ или „албанско“ местото, па после се оди надоле и тоа е понижување на Уставот, изјави Калаџиев

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk