logo
logo
logo

Каде е Ива Михајлова? Тврди дека легално ја минала границата, МВР НЕМА ЕВИДЕНЦИЈА ДЕКА ЈА НАПУШТИЛА МАКЕДОНИЈA

Vecer | 12.10.2026

Каде е Ива Михајлова? Тврди дека легално ја минала границата, МВР НЕМА ЕВИДЕНЦИЈА ДЕКА ЈА НАПУШТИЛА МАКЕДОНИЈA

Дали Ива Михајлова од Кочани ја напуштила Македонија нелегално? Ова прашање се отвора по одговорот од Министерството за внатрешни работи, според кој нема евидентиран излез од државата на обвинетата за сообраќајна несреќа со смртни последици. Иако Михајлова за бугарските медиуми тврди дека легално ја преминала границата, податоците од МВР не го потврдуваат тоа, што отвора сомнежи за начинот на кој заминала во Бугарија.

-Во однос на лицето за кое прашувате, Ве известуваме дека се извршени проверки во системот за гранична контрола на Министерството за внатрешни работи, при што е утврдено дека за наведеното лице нема евидентиран излез од територијата на Македонија, одговорија од МВР за ,,Фокус”.

Во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ), Михаилова вели дека нема ништо нелегално во нејзиното преминување на македонско-бугарската граница и дека тоа го сторила со своите лични документи. На прашањето како ѝ било дозволено да замине од Македонија, таа вели оти граничната полиција соработувала.

„Ја преминав границата со моите документи. Вчера се чувствував многу лошо. Разговарав со мојот адвокат и се договоривме – заедно одлучивме тој да дојде по мене и јас да се вратам во Бугарија. Ги предадов документите на проверка и нè пуштија. Поминавме низ контрола. Немаше ништо незаконско во моето преминување. Следно, треба да бидам примена во болницата ‘Пирогов’ на лекување, по што ќе следи рехабилитација“, изјави Михаилова за БНТ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk