logo
logo
logo

„ИНСТАЛАЦИИТЕ“ НА ЗАЕВ И АХМЕТИ СE УШТЕ РАБОТАТ: ВМРО-ДПМНЕ со жестока реакција за последните одлуки во правосудството

Vecer | 14.09.2026

„ИНСТАЛАЦИИТЕ“ НА ЗАЕВ И АХМЕТИ СE УШТЕ РАБОТАТ: ВМРО-ДПМНЕ со жестока реакција за последните одлуки во правосудството

Последните одлуки на правосудните органи се јасен доказ дека политичките инсталации во правосудството на СДС и ДУИ се уште работат. Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, од Заев и Ахмети се уште работат во интерес на оние кои ги поставиле и ја нарушуваат довербата на граѓаните во правосудството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во случајот „Ласкарци“ загинаа 16 граѓани. Во трагедијата со модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

Десетици семејства останаа без своите најблиски. А граѓаните денес гледаат правосуден систем од кој очекуваат одговорност, но наместо тоа добиваат одлуки што дополнително ја рушат довербата во институциите.

Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците.

Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

На Македонија не и треба судство кое ќе ги штити СДС и ДуИ. Владеење на правото и правдата во Македонија мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk