logo
logo
logo

И синот на Алберт Муслиу со функција, ЌЕ БИДЕ ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛ ВО ЧИКАГО

Vecer | 16.02.2022

И синот на Алберт Муслиу со функција,  ЌЕ БИДЕ ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛ ВО ЧИКАГО

Бесмира Ејупи ќе биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк, откако синоќа Владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот.

Освен за Ејупи, неодамна е донесена уште една одлука за испраќање на Петри Муслиу за генерален конзул во Чикаго. Муслиу, инаку син на аналитичарот Алберт Муслиу неколку недели веќе е во Чикаго во македонскиот конзулат – објави МКД.мк

Дипломатски извори ги потврдиле двете информации за МКД.мк.

Инаку, ни Ејупи ни Муслиу не се кариерни дипломати, односно не се од МНР, што досега, освен исклучоци беше пракса, а според извори на проталот испратени се врз база на блиски врски со функционери на ДУИ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk