Утре недела, 8 мај 2022, во 11.00 часот ќе се одржи мирен протест на родителите и учениците од ОУ Киро Глигоров во Капиштец, Центар, против одлуката на училишното раководство да го оттуѓи игралиштето за кафиќ.
-Ние, родителите на ОО Киро Глигоров, Капиштец ве известуваме и воедно ги покануваме медиумите на 8. Мај 2022г. во 11:00 часот во школското игралиште да присуствувате на протестот што го организираме против комерцијалното отуѓување на игралиштето.
При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите.
Со ваквата назаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема на децата од Капиштец она што на политичките изборни кампањи им беше ветувано: школо и школско игралиште во коешто безбедно и безгрижно ќе ги поминат детските училишни денови.
БАРАМЕ:
- Итно стопирање на градежните активности
- Раскинување на договорот (којшто веќе е правно ништовен)
- Враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата.
- Да се преиспита законската регулатива којашто го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности истите да се организираат единствено и само во интерес на учениците на школото, стои во дописот до медиумите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата