logo
logo
logo

ГОСТИВАРЕЦ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: 22-годишник приведен за издржување затворска казна

Vecer | 16.09.2026

ГОСТИВАРЕЦ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: 22-годишник приведен за издржување затворска казна

Полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа лишиле од слобода 22-годишен гостиварец, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна.

Од МВР информираат дека на 15 септември во 22:05 часот, во населбата Питарница во Гостивар, бил приведен С.Ш. (22) од Гостивар.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, согласно член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово, каде треба да ја издржува затворската казна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk