ФОТОГАЛЕРИЈА | ГОЛЕМО ПРЕУРЕДУВАЊЕ ПРЕД НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА: Училиштата се реконструираат за едносменска настава

Vecer | 19.08.2026

ФОТОГАЛЕРИЈА | ГОЛЕМО ПРЕУРЕДУВАЊЕ ПРЕД НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА: Училиштата се реконструираат за едносменска настава
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Интензивно се реконструираат основните училишта низ земјава во пресрет на новата учебна година, со цел од 1 септември да се создадат услови за воведување едносменска настава. Министерката за образование Весна Јаневска соопшти дека МОН и општините летниот период го искористиле за подготовка на училиштата.

-МОН во моментов врши адаптација, доградба и реновирање во 6 училишта, а сме подготвени да го спроведеме проектот уште во 15 други училишта. Дел од проектот ќе се реализира есенва, а дел на пролет. И со тоа успешно се спроведува проектот за добробит на децата и поквалитетно образование, соопшти министерката.

Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката веќе се доставени до училиштата, а секое секое дете до 4-то одделение ќе има и таблет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk