logo
logo
logo

ГОЛЕМ БРОЈ ПОВРЕДЕНИ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ И ВО СКОПЈЕ: Во Градска 27 лица со изгореници, 24 на Клинички, 18 во „8 Септември“

Vecer | 16.03.2025

ГОЛЕМ БРОЈ ПОВРЕДЕНИ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ И ВО СКОПЈЕ: Во Градска 27 лица со изгореници, 24 на Клинички, 18 во „8 Септември“

Според информациите на Канал 5 во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клиничкиот центар, 18 во „8 Септември“, од кои двајца во критична состојба.

Меѓу повредените во Градска има и малолетници

Повеќето од повредените лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноческа се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош.

Поради сериозност на повредите здобиени како резултат на пожарот и вдишување чад дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.

Пред Болницата во Кочани се наоѓаат голем број на блиски и роднини на повредените и на починатите. Општинската организација на Црвен крст прави списоци за утврдување на идентитетот на загинатите лица

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk