Сите патишта се проодни, екипите на „Македонија пат“ го чистат снегот

Vecer | 29.11.2026

Сите патишта се проодни, екипите на „Македонија пат“ го чистат снегот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Сообраќајот на сите државни и регионални патишта низ Македонија се одвива по влажни коловози, а сите патни правци се проодни. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се на терен и со расположливата механизација активно ги чистат патиштата од снег.

Од претпријатието информираат дека се ангажирани сите дежурни екипи, особено на критичните планински превои, а подготвена е и потребната механизација, работници и количества сол и ризла за одржување на безбеден и непрекинат сообраќај.

„Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со сите расположливи ресурси на терен активно работи на чистење на патиштата и создавање услови за непрекинато одвивање на сообраќајот низ цела Македонија“, соопштија од претпријатието.

Од „Македонија пат“ упатуваат апел до возачите да бидат внимателни, да ја приспособат брзината кон условите на патиштата, задолжително да имаат зимска опрема и да го приспособат возењето на временските услови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk