logo
logo
logo

ФОТОГАЛЕРИЈА | ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ТРЕСКА? Угинува риба во реката, се бараат итни анализи за можно загадување

Vecer | 14.09.2026

ФОТОГАЛЕРИЈА | ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ТРЕСКА? Угинува риба во реката, се бараат итни анализи за можно загадување

Угинување на риба во реката Треска е пријавено од СРЗ „Хантер Фиш“, од каде што бараат итна реакција од надлежните институции и детално утврдување на причините за случајот.

Од здружението велат дека состојбата е загрижувачка и дека мора веднаш да се проверат сите можни причини за угинувањето на рибата, особено можноста за загадување или друга интервенција што би можела да го загрози живиот свет во реката.

Тие бараат веднаш да се земат примероци од водата и од угинатата риба, по што да се направат лабораториски анализи за да се утврди причината за угинувањето.

Воедно, СРЗ „Хантер Фиш“ бара да се контролираат сите можни извори на загадување, а надлежните институции да ја информираат јавноста за резултатите од испитувањата и за преземените мерки.

Од здружението нагласуваат дека мора да се преземат конкретни чекори за заштита на реката Треска и нејзиниот жив свет.

„Реката Треска не е канал за отпад – таа е живот!“, порачаа од СРЗ „Хантер Фиш“, повикувајќи на заштита на водата, рибниот фонд и природата за идните генерации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk