Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
-Директно поставуваме прашање до Филипче и очекуваме одговор, против кого маршираше Филипче викендов? Против бугарските фашистички окупатори или пак против бугарските администратори? Да не заборавиме дека токму тој со Заев велеше дека Бугарите не биле окупатори, туку администратори. Затоа и тие 300 луѓе со кои маршираше, патем луѓе на Заев, му се максимумот кој може да го достигне, рече тој.
Манасиевски порача дека Филипче е прочитан од граѓаните и тие не му веруваат, а потврда за тоа се и анкетите на кои јасно се гледа дека токму тој има рејтинг од 3%.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата