Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.С. (45) од Скопје поради сомнение дека извршил две тешки кражби на пригушници од железничка пруга на подрачјето на Аеродром и Драчево.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено вчера, постапувајќи по претходна пријава за кражбите, од кои едната била извршена на подрачјето што го покрива Полициската станица Аеродром, а другата на подрачјето на Полициската станица Драчево.
- По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РСМ“ - наведуваат од МВР.
Оттаму дополнуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата