logo
logo
logo

ОЧЕВИДЕЦ раскажува како се спасувале повредените: Кочани е мртов град, со генерации нема да се оправи

Vecer | 17.03.2025

ОЧЕВИДЕЦ раскажува како се спасувале повредените: Кочани е мртов град, со генерации нема да се оправи

Македонија тагува по загинатите во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени. Очевидецот Влатко Здравков за „Дојче Веле“ вели дека 'Кочани е мртов град и нема со генерации да се оправат по трагедијата.'

„Морничаво. 100 души лежат, фаќаш кој има пулс, тие да ги спасиме. Да се стават во коли да се носат. Тие што немаа, јасно ви е, се тргаат настрана. Изгорени, згмечени, загушени, повеќето со изгореници се починати, некои од струја. Тоа се наши деца, ни умреа децата на нас“, рече Влатко Здравков.

„Оваа трагедија што нè снајде. Кочани е мртов град, со генерации нема да се оправи. Се чувстуваме како да ни починале нашите деца. Гледавме да ги спасиме прво тие што имаа пулс, околу 100 лица лежеа. Имаше изгорени, загушени од чад, згмечени, некои од струја. Тоа се наши деца, ни умреа децата“, вели Влатко Здравков за „DW Македонски“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk