logo
logo
logo

Фестивал на улична уметност French Connection

Vecer | 16.10.2026

Фестивал на улична уметност French Connection

Започна фестивалот на улична уметност French Connection. Прв проект на Француски институт и Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Ова е прва иницијатива за соработка меѓу овие францускиот инсфитут и ЕПК Скопје 2028. Со амбиции да ова прерасне во годишен настан, кој ќе ги поврзува уметниците, публиката и градовите преку современи уметнички форми достапни за сите.


- Станува збор за прв заеднички настап/фестивал насловен како „Скопје – Вечер на улична уметност“, кој се организира со поддршка на Француската амбасада, Францускиот институт во Скопје и во партнерство со Фондацијата „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“. Ова е прв настап кој започнува вечерва во соработка со Фондацијата „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, со што Францускиот институт во Скопје навистина со среќа се придружува кон нивните понатамошни активности.

Целта е да се развие уште поголема соработка и размена меѓу двете земји, од една страна да се претстави француската култура и современо творештво во Македонија, а од друга страна да се овозможи македонските уметници да бидат присутни во Франција. Исто така, се развива соработка со градот Бурж од Франција, кој исто така ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година. Резимира за Вечер директорот на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција Грегоар Жислер


Сјајната и мистериозна, СЕЛЕСТ вечерва се појави над минувачите, танцува со воздушните струи и ги осветлува лицата на публиката.Утре пак два уметника и совршена координација. „Фратело“ е динамичен перформанс кој низ движењето ја истражува довербата и поврзаноста меѓу двајца сценски партнери и комуницира без зборови. Потоа Музички и визуелен спектакл и имерзивно искуство што ја носи публиката во волшебниот свет на морските длабочини, преку флуидни движења, фосфоресцентни бои и хипнотички звуци од 21:00 часот кај фонтаната Лотос.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk