logo
logo
logo

ПОЗНАТИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД МАТУРАТА - Стручните матуранти најуспешни, просект 3,66

Vecer | 06.08.2026

ПОЗНАТИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД МАТУРАТА - Стручните матуранти најуспешни, просект 3,66

Конечните резултати од јунската матурска сесија се објавени, а матурантите годинава постигнале просечна оценка 3,66. Најдобар успех имаат учениците кои полагале државна стручна матура со просек 3,91, додека кај државната матура просечната оценка изнесува 3,62, а кај уметничката 3,59.

Министерството за образование и наука ги објави резултатите по завршувањето на постапката со разгледување на приговорите, два месеца по полагањето на првиот екстерен испит. Министерката Весна Јаневска оцени дека постигнатиот успех е задоволителен и речиси на исто ниво со минатогодишниот просек од 3,69, а значително подобар во споредба со 2024 година кога просекот бил 3,26.

„Ценам дека ова се објективни резултати поради подготвеноста на сите вклучени во организирањето на матурата“, рече Јаневска.

За полагање на екстерните испити во јунската сесија биле пријавени 14.587 ученици кои завршиле средно образование во учебната 2025/2026 година. Од нив, 12.184 полагале државна матура, 2.276 државна стручна матура, а 127 ученици државна уметничка матура.

На испитите не се појавиле 348 пријавени ученици, односно 2,39 отсто од вкупниот број.

Оваа година за првпат матурантите полагаа три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

Најголем интерес имало за полагање англиски јазик, кој го избрале 13.208 ученици. Во зависност од типот на матурата, учениците имаа можност да изберат и други предмети, меѓу кои математика, француски, германски, руски и италијански јазик, како и историја кај уметничката матура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk