logo
logo
logo

(Фото) РИБОЛОВОТ ЗАВРШИ, КОНТРОЛАТА ПОЧНУВА - Неверојатно што пронајде полицијата во Мавровско езеро

Vecer | 18.09.2026

(Фото) РИБОЛОВОТ ЗАВРШИ, КОНТРОЛАТА ПОЧНУВА - Неверојатно што пронајде полицијата во Мавровско езеро

При редовна контрола на Мавровското езеро, овластени лица од Националниот парк „Маврово“ пронајдоа и отстранија незаконски поставени риболовни мрежи, информираат од Националниот парк „Маврово“.

За случајот е известена Полициската станица во Маврови Анови. Во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на околностите и одговорноста.

Контролите на езерото ќе продолжат. Целта е заштита на рибниот фонд и спречување на незаконското користење на природните ресурси.

Националниот парк „Маврово“ ги повикува граѓаните, риболовците, посетителите и љубителите на природата да пријават незаконски риболов, поставување мрежи или други активности што ја загрозуваат природата.

Пријавите може да се достават до надлежните служби.

Навременото известување може да спречи поголема штета и да придонесе за зачувување на Мавровското Езеро. Сите утврдени прекршувања ќе бидат документирани и пријавени, а сторителите ќе одговараат согласно закон.

Заштитата на езерото е заедничка одговорност на институциите и граѓаните, велат од таму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk