Нов бран на загрижувачко малолетничко насилство ја потресе јавноста, откако во скопската населба Ѓорче Петров бил брутално претепан ученик, кој поради здобиените тешки телесни повреди завршил со сериозни последици.
Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил по претходна меѓусебна расправија помеѓу малолетниците, која брзо ескалирала во физичка пресметка. Од СВР Скопје потврдуваат дека интензивно се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, идентификација на сите учесници во нападот и обезбедување на докази. Овој нов вандалски чин повторно ја пали црвената светилка за опасниот пораст на врсничкото насилство и потребата од итна и строга реакција на институциите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата