logo
logo
logo

РСБСП потсетува: „Празнувај одговорно, пристигни безбедно – секој живот е важен.“

Vecer | 16.01.2026

РСБСП потсетува: „Празнувај одговорно, пристигни безбедно – секој живот е важен.“

Со оглед на продолжениот викенд и претстојниот голем верски празник Богојавление – Водици, се очекува зголемување на интензитетот на сообраќајот, особено на патните правци кои водат кон туристичките места каде традиционално се одбележува празникот.

Поради зголемената фреквенција на возила, како и можните неповолни временски услови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот да постапуваат одговорно и совесно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата и заштита на човечките животи.

РСБСП потсетува на потребата од:

– почитување на сообраќајните правила и прописи, – прилагодување на брзината на движење според состојбата на патиштата и временските услови, – да не се управува со возило под дејство на алкохол или други психотропни супстанции, – навремено информирање за состојбата на патиштата и временската прогноза пред и за време на патувањето, – соодветна подготовка на возилата за патување на зимски услови и задолжително поседување на пропишана зимска опрема во возилата

– зголемена внимателност кон пешаците, велосипедистите и другите ранливи групи на учесници во сообраќајот.

Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас. Со одговорно однесување, почитување на правилата и прописите, меѓусебна толеранција, секој од нас може да придонесе за побезбедни патишта и зачувување на човечки животи.

РСБСП посакува среќни празници и безбедно учество во сообраќајот.

„Празнувај одговорно, пристигни безбедно – секој живот е важен.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk