logo
logo
logo

НАБАВКАТА ЗА ХОТЕЛСКИ УСЛУГИ НЕМА ВРСКА СО ЊУЈОРК - Разобличени тврдењата на Фрчкоски

Vecer | 24.09.2026

НАБАВКАТА ЗА ХОТЕЛСКИ УСЛУГИ НЕМА ВРСКА СО ЊУЈОРК - Разобличени тврдењата на Фрчкоски

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на објавата на Јон Фрчкоски во врска со јавната набавка за хотелски услуги, посочувајќи дека набавката не е поврзана со патувањето во Њујорк и дека станува збор за редовна јавна набавка на Генералниот секретаријат на Владата.

Од партијата наведуваат дека набавката била објавена кон крајот на јули или почетокот на август, со однапред утврдени рокови, а техничката спецификација била идентична со онаа од минатата година.

ВМРО-ДПМНЕ посочува и на износите од претходните години. Во 2023 година, како што наведуваат, вредноста на набавката изнесувала 10 милиони денари за период од една година, со „БТ Травел“. Во 2024 година изнесувала 20 милиони денари за период од две години, исто така со „БТ Травел“, додека во 2026 година износот е 20 милиони денари за две години со „Фул сервис операторс“.

Од партијата тврдат дека од 2023 година наваму не е менувана техничката спецификација на набавката, а како разлика ја посочуваат провизијата за агенцијата, која, според нив, сега е најниска.

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата упатува и остри критики кон Фрчкоски, оценувајќи дека неговите тврдења немаат основа и дека неговите објави служат за задоволување на неговата публика.

Од партијата велат дека набавката е редовна и регуларна јавна набавка во рамките на Генералниот секретаријат на Владата и дека истата е предвидена за потребите на институцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk