logo
logo
logo

КРАЈ НА ДИВЕЕЊЕТО НА ДВЕ ТРКАЛА - „Безбеден град“ почнува да ги „лови“ и моторџиите

Vecer | 28.08.2026

КРАЈ НА ДИВЕЕЊЕТО НА ДВЕ ТРКАЛА - „Безбеден град“ почнува да ги „лови“ и моторџиите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека отсега и возачите на мотоцикли ќе бидат казнувани преку системот „Безбеден град“ за возење со брзина поголема од дозволената. Досега кај овие возачи системот можеше да констатира и да бидат казнети само за прекршок поминување на црвено светло.

Во Дневникот на ТВ Сител, синоќа, министерот рече дека од вчера е почнато „детектирање и автоматско ловење“ и на мотоциклите онаму каде што е имплементиран „Безбеден град“.

-Значи, официјално, заклучно со денеска би требало да ги имаме првите бројки на казнети моторџии преку автоматскиот систем на „Безбеден град“. Најдовме технички начин како и тие да бидат констатирани во рамки на сторувањето на прекршокот за возење со недозволена брзина. Претходно беа изрекувани казни само за поминување на црвено. Така што, нека не се изненадат дека ќе бидат предмет на санкционирање од системот „Безбеден град“ оние коишто глумат дека се моторџии и не ги почитуваат правилата, а тоа се прави првенствено заради нивна заштита, а потоа и за заштита на сите останати совесни учесници во сообраќајот, истакна Тошковски, посочувајќи дека од шест загинати во сообраќајни несреќи овој месец, четворица управувале мотоцикл.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk