Советот на јавните обвинители на денешната 42-ра седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на нејзината функција во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.
Претседателот на Советот, Башким Бесими, појасни дека Ристоска поднела оставка по сопствена желба на 2 април годинава.
„За оваа точка нема расправа. Констатирам дека барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска е усвоено“, изјави Бесими по гласањето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата