Милошоски: Извештаите на ЕК треба да се анализираат низ стручна, а не само политичка призма

Vecer | 16.11.2026

Милошоски: Извештаите на ЕК треба да се анализираат низ стручна, а не само политичка призма
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Извештаите на Европската комисија треба да се разгледуваат не само од политички, туку и од стручен аспект, со цел да се извлечат конкретни заклучоци и препораки за подобрување на состојбите, порача претседателот на Комисијата за европски прашања и пратеник Антонијо Милошоски на отворањето на тематската дебата „Извештаите на Европската комисија за владеење на правото во Република Македонија – наоди и парламентарен надзор“.

Милошоски истакна дека со одржувањето на ваквите дебати Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции ја продолжуваат воспоставената практика на јавна расправа за наодите од извештаите на Европската комисија.

-Темата е јасна и важна. Целта денес не е само повторно да ги слушнеме наодите, туку да видиме што се повторува во овие извештаи секоја година, да ги согледаме причините зошто нешто се повторува и да видиме со кои дејствија би можеле да ги подобриме состојбите и да дадеме препораки до извршната власт, истакна Милошоски.

Според него, ваквите настани овозможуваат поголема отвореност на Собранието и вклучување на експертската јавност во процесот на анализа на клучните прашања поврзани со евроинтеграциите и владеењето на правото.

Милошоски нагласи дека парламентот има обврска да врши надзор над работата на извршната власт, но и да обезбеди простор за мислењата на експертите, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери.

Тематската дебата беше организирана од Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, а беше посветена на наодите од извештаите на Европската комисија во делот на владеењето на правото и парламентарниот надзор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk