logo
logo
logo

Државна Лотарија во НОВ ХОРОР ТЕНДЕР: Артан и Перпарим сакаат да извлечат 6 милиони евра – ПРЕД СМЕНА НА ВЛАСТА

Vecer | 19.02.2024

Државна Лотарија во НОВ ХОРОР ТЕНДЕР: Артан и Перпарим сакаат да извлечат 6 милиони евра – ПРЕД СМЕНА НА ВЛАСТА

Поранешниот вицепремиер Артан Груби (ДУИ) и неговиот кадар во АД Државна Лотарија на Македонија, Перпарим Бајрами се спремаат да извлечат близу 6 милиони евра пред промена на власта, местејќи уште еден тендер да го дoбие фирмата преку која ги местеа и сите досегашни тендери и со која постојат испреплетени сопственички поврзаности, дознава Вечер.мк од извори во АД Државна Лотарија на Македонија.

Да одиме по ред.

Артан Груби
Артан Груби
Перпарим Бајрами
Перпарим Бајрами

На 29 декември 2023 година, АД Државна Лотарија на Македонија распишува тендер за надзор и мониторинг над видеолотариски терминали за приредување електронски игри на среќа, или скратено софтвер за апарати за коцкање.

На тендерот се пријавуваат три компании:

1. Инфинити ИТ солушнс настапуваат конзорциумски со Поинтер и даваат најниска понуда од 53.340 денари

2. Би-Фи Лимитед настапуваат самостални и даваат понуда од 60.147 денари

3. Друштво за услуги ХТЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, настапува конзорциумски со Новоматик АГ и дава највисока понуда од 80.565 денари.

Иако се обидуваат со единечна цена да го прикријат милионскиот тендер, треба да се напомене дека станува збор за софтвер за 4.300 апарати за коцкање, што значи дека сумата која сакаат да ја извадат е околу 6 милиони евра.

Или вкупните понуди кои ги дале понудувачите изгледаат вака:

1. Инфинити ИТ солушнс со Поинтер = 3.729.634 евра (најниска понуда)

2. Би-Фи Лимитед 4.205.400 евра (средна понуда)

3. ХТЛ Македонија со Новоматик АГ = 5.633.000 евра (највисока понуда)

Јавното отворање на понудите се случило на 14 февруари годинава, и се очекува деновиве да биде донесена одлуката кој ќе ги сервисира софтверите на апаратите за коцкање.

Меѓутоа, имајќи го во предвид досегашното искуство во работењето на АД Државна Лотарија, речиси извесно е дека ќе биде избрана најскапата понуда на ХТЛ Македонија, бидејќи со оваа фирма, освен што делат пари, имаат и испреплетени сопственички односи.

Да пробаме да објасниме со букви и слики како ќе го наместат тендерот.

ХТЛ Македонија која се јавува на овој тендер (чиј сопственик е Новоматик) е капитално поврзана со АД Државна Лотарија на Македонија.

ХТЛ македонија и АД Државна Лотарија на Македонија заеднички го имаат формирано Друштвото НОВО ВЛТ ДОО Скопје (Нова Државна Видео Лотарија).

АД Државна Лотарија на Македонија, освен ова, ја има формирано и Државна Видеолотарија на Македонија.

ХТЛ Македонија, е регистрирана на адреса “50-та Дивизија 24а Центар, Скопје“ се јавува како сопственик во следните фирми:

1. Друштво за коцкање и обложување МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје

2. Друштво за туризам, угостителство и услуги МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје

3. Друштво за организирање електронски игри на среќа - Нова Државна Видео Лотарија - НОВО ВЛТ ДОО Скопје

4. Друштво за трговија и услуги АДМИРАЛ КАЗИНО МК ДОО Скопје

На истата адреса “50 Дивизија 24А, Центар, Скопје“ е регистрирана и НОВО ВЛТ ДОО Скопје, чии сопственици се ХТЛ Македонија и АД Државна лотарија на Македонија.

Во Надзорниот одбор на НОВО ВЛТ ДОО Скопје е Перпарим Бајрами. Тој е еден од двајцата управители на АД Државна лотарија на Република Северна Македонија.

Во Надзорниот одбор на АД Државна лотарија на Македонија се наоѓа и лицето Башким Авдији, кој заедно со Перпарим Бајрами се членови на Надзорниот одбор на Државна Видеолотарија на Македонија.

Значи, кадрите на Артан Груби распишуваат тендер кој треба да го добие компанија што е сопственик на Државна видеолотарија во чиј Надзорен одбор решаваат токму истите тие кадри: Перпарим Бајрами и Башким Авдији.

Компанијата Новоматик која е сопственик на ХТЛ Македонија има многу контроверзно делување низ Европа.

1. Подружницата „Новоматик“ Г. Матица го немала инсталирано сметководствениот систем за задолжително поврзување на машините со италијанските даночни власти и во 2012 година беше осудена на парична казна од 150 милиони евра. Новоматик го сметаше тужбеното барање како „целосно неоправдано“ и се жалеше на првостепената одлука. Во јуни 2014 година, Новоматик плати 47,5 милиони евра.

2. Во 2009 година, полската влада под премиерот Доналд Туск планираше зголемување на давачките за коцкање за финансирање на буџетот за Европското фудбалско првенство 2012 година (коорганизирано со Украина).

Како резултат на тоа, меѓу другото, лобистите на операторите за коцкање извршија влијание врз членовите на полската влада против ова зголемување на данокот.

Дневниот весник Rzeczpospolita објави снимки од Антикорупциската управа CBA таканаречениот скандал „Black Jack Gate“.

Како резултат на објавувањето на снимките, неколку полски министри поднесоа оставки: министерот за внатрешни работи Гжегож Шетина, министерот за правда Анджеј Чума и заменик-министерот за економија Анджеј Шејнфелд.

Актуелната влада во Полска повторно го отвори случајот со коцкање.

3. Според извештајот на ORF од октомври 2015 година, романската национална антикорупциска дирекција истражува заедничко вложување со државната Loteria Română и Новоматик.

4. Во декември 2021 година, Greentube Alderne (британска подружница на Новоматик) беше казнета со 685.000 фунти од Комисијата за коцкање во Обединетото Кралство по истрагата која откри неуспеси во перење пари и општествена одговорност.

И на крај, да се потсетиме дека и претходно, АД Државна Лотарија преку Државна видеолотарија и доделила тендер на Новоматик, фирмата со која заеднички ја имаат формирано Државната видео лотарија

А за другите скандали во АД Државна Лотарија, на ОВОЈ ЛИНК

Или ОВОЈ

Или ОВОЈ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk