Божиќни пости

Божиќните пости почнуваат од утре, тие што ќе ги завршат на Божиќ можат да земат причест

Vecer | 27.11.2026

Божиќните пости почнуваат од утре, тие што ќе ги завршат на Божиќ можат да земат причест
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Од утре започнуваат бижиќните пости, кои се во период од 40 дена. Еден од четирите големи повеќедневни пости во православната црква, како верниците би се духовно подготвиле за празникот. Оние верници кои се решаваат на тој чекор за прочистување на телото и душата уште денес конзумираат храна каква што сакаат, по што следат денови со храна согласно распоредот.

За време на постот не се јадат месо, млеко и млечни производи, јајца и друга храна од животинско потекло. Сепак, во зависност од денот, дозволени се масло, вино и риба. Има исклучоци за поголемите црковни празници. Доколку празник се падне во понеделник, вторник или четврток, дозволени се масло, вино и риба. За празник на помал светител во среда или петок се дозволени масло и вино, а за поголем празник во овие денови може да биде дозволена и риба. Таков празник е Воведение на Пресвета Богородица, кој се празнува на 4 декември.

Во последните пет дена, од 2 до 6 јануари, постот станува построг и не е дозволена риба ниту во сабота и недела. На Бадник, 6 јануари, се пости на вода, во пресрет на Божиќ. Постот не е само воздржување од храна туку и да биде проследен со трпение, љубов кон ближните и добрина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk