logo
logo
logo

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕКА НИ БИДЕ ПРИМЕР

Vecer | 04.02.2026

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕКА НИ БИДЕ ПРИМЕР

По повод денот на раѓањето на големиот македонски револуционер и деец Гоце Делчев премиерот Христијан Мицкоски и делегација од владата, како и претставници на други институции и организации, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во храмот Свети Спас во Скопје.

– Денеска го одбележуваме денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, човек којшто оставил нераскинлива трага и денеска се сеќаваме на неговото дело, коешто го направил за македонскиот народ, но и за Македонија како држава, како и генерално за сите граѓани.

Неговата борба за независна македонска држава, за држава во срцето на Балканот, јас би рекол е епска. За жал прерано го загубил својот живот на 31 година, имал уште многу што да каже доколку преживеел, но за жал не успеал повеќе од 31 година да живее и го положува својот живот повторно со идеалите за македонската држава.

Така што уште еднаш денеска да си го спомнеме неговиот лик и дело, да го чествуваме и да се сеќаваме на него и тоа нека ни биде пример како понатаму треба да ја градиме нашата заедничка татковина Македонија – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk